Sinan Uslu
09 Октомври 2019•Ажурирај: 10 Октомври 2019
ТБММ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, истакнувајќи дека започна операцијата „Извор на мирот“, рече: „Целта на Турција е да го уништи терористичкиот коридор и да воспостави коридор на мирот“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Шентоп на својот профил на социјалната мрежа Твитер, објави изјава во врска со операцијата „Извор на мирот“:
„Започна операцијата „Извор на мирот“. Целта на Турција е да го уништи терористичкиот коридор и да воспостави коридор на мирот. Господ да им помогне на нашите војници“, нагласи Мустафа Шентоп.