Müslüm Etgü
01 Ноември 2018•Ажурирај: 02 Ноември 2018
ШАНЛИУРФА (АА) - МУСЛУМ ЕТЃУ
Сиријците од Тел Абјад кои се засолнија во Турција, сакаат нивната територија да биде исчистена од терористичката организација ЈПГ/ПКК, пишува Anadolu Agency (AA).
Поголемиот дел од жителите на Тел Абјад што биле прунудени да мигрираат, живеат во подрачјето на Акчакале во турскиот град Шанлиурфа. Нивните куќи, земјишта, имоти, дури и децата им биле одземени од оваа терористичка организација.
Рагид Дахиш, кој заедно со неговото семејство биле депортирани од Тел Абјад, во изјава за АА истакна дека нивните куќи и земјишта им биле присилно одземени од терористичката организација ЈПГ/ПКК, и дека како резултат на притисоци биле прунудени да дојдат во Турција.
Тој рече дека имаат доверба во турската Војска која, според него, им е единствената надеж.
„Тел Абјад е населено место каде што целосно живеат Арапи, но терористичката организација ЈПГ/ПКК со поддршка на САД и пријателските земји присилно ни одзедоа сè што имавме. Откако испразнија околу 30 села, тие нè присилија да мигрираме, рушејќи со машинерија. Посакуваме подрачјето на Тел Абјад да биде исчистено од ЈПГ/ПКК, и за тоа бараме помош од Турските вооружени сили“, рече Дахиш.
Од друга страна, Абдула Имам нагласи дека откако ги напуштиле нивните домови, во нив биле сместени терористите од ЈПГ/ПКК дојдени од Кандил.
- „Очекуваме подрачјето на Тел Абјад да биде исчистено од ЈПГ/ПКК“
Имам истакна дека веќе сакаат да се вратат во своите домови и територии.
„Како резултат на притисоците и суровоста на овие сурови луѓе, околу 100.000 лица од подрачјето на Тел Абјад се засолнија во Турција. Единствено што посакуваме е нашите домови да бидат исчистени од ЈПГ/ПКК и од терористите дојдени од Кандил“, додаде тој.
Меѓу другото, Мухамед Абид истакна дека во регионот од Рака до Тел Абјад живеат Арапи, и дека илјадници Сиријци биле принудени да бегаат во Турција како резултат на притисоците и заканите на ЈПГ/ПКК.
„ЈПГ/ПКК оваа суровост не ја врши сама. Со поддршка на САД и своите пријатели нас нè натераа да ја напуштиме нашата татковина. Сите сакаме да се вратиме во нашите домови, но уплашени сме од терористичката организација ЈПГ/ПКК. Таа е причина за смртта на нашите деца, земајќи ни ги и терајќи ги да војуваат против ДЕАШ“, нагласи Абид, и додаде:
„Затоа, очекуваме подрачјето на Тел Абјад да биде исчистено од ЈПГ/ПКК. Јасно се знае дека САД ѝ помагаат на ЈПГ/ПКК. Околу 8.000 лица во Рака останаа под урнатините како резултат на бомбардирањето на САД. Сè уште не се пронајдени телата на 2.000 лица. Очекуваме Турција во најкраток можен рок да ги отстрани овие сурови лица од нашите територии“.