Behçet Alkan,Halil Fidan
18 Март 2018•Ажурирај: 19 Март 2018
AФРИН (АА) - Турските вооружени сили и Слободната армија на Сирија во продолжение на операцијата „Маслинова гранка“, во ослободените делови на сирискиот пограничен регион Африн, ја испитуваат секоја педа за да се отстранат сите преостанати терористички елементи, мини и експлозивни направи, јавува Anadolu Agency (AA).
Операцијата „Маслинова гранка“, беше покрената на 20 јануари, со цел да се ослободи сирискиот регион Aфрин од терористите на ЈПГ/ПКК-ДЕАШ, а Турските сили и борците на сириската опозиција го ослободија центарот на градот Aфрин и центрите за останатите шест градови во афринскиот регион.
Во чистењето на терористичките елементи, Турските вооружени сили користат високовоена технологија, вклучувајќи ги и извидувачките и надзорните беспилотни летала.
Aфрин од 2012 година беше окупиран од страна на терористите ЈПГ/ПКК, а Турските вооружени сили во северозападниот дел на тој регион, открија голем подземен комплекс, кој терористите го користеле како скривалиште и складиште за чување оружје и муниција.
Станува збор за скривалиште од 150 метри, кое со дебели бетонски ѕидови е преградено во 12 простории.
Комплексот се наоѓа на површина покриена со земја, a Турските сили не го уништиja со артилериско дејство, бидејќи во тој случај би постоел висок ризик за безбедноста на цивилите во блиското село.
Со цел да ги заштититат цивилите, Турските сили и борците на сириската опозиција го зазедоа споменатиот комплекс и во него запленија големо количество оружје од американско и од руско производство.
Паралелно со тоа, Турските сили и во ослободеното место Телеф, пронајдоа важна база, која терористите на ЈПГ/ПКК ја користеа како камп за политичка обука.
Станува збор за троспратна зграда со двор и базен каде што биле пронајдени голем број книги на лидерот на терористичката организација ПКК, Абдула Оџалан, како и документи и пропаганден материјал.