Операција Извор на мирот

Ердоган: „Терористичката организација има 120 часа да го напушти подрачјето“

„Во рамките на 120-часовниот процес, терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе се повлече од регионот кој го назначивме за безбедносна зона“, нагласи Ердоган

Erdoğan Çağatay Zontur  | 18.10.2019 - Обновена : 18.10.2019
Ердоган: „Терористичката организација има 120 часа да го напушти подрачјето“

ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека судирот во безбедносната зона меѓу турските сили и терористите на ЈПГ/ПКК е надвор од прашање и претставува дезинформација, јавува Anadolu Agency (AA).

„Еден од елементите на нашиот договор [со САД] е нашите безбедносни сили сега да не го напуштаат подрачјето“, изјави Ердоган за новинарите.

„Во рамките на 120-часовниот процес, терористичката организација ЈПГ/ПКК ќе се повлече од регионот кој го назначивме за безбедносна зона“, нагласи Ердоган.

Турција и Соединетите Американски Држави (САД) вчера постигнаа договор за паузирање на антитерористичката операција на Турција во северниот дел на Сирија.

Турција се согласи да ја паузира операцијата „Извор на мирот“ на 120 часа, со цел да се дозволи повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона.

Турскиот претседател изјави дека безбедносната зона во северна Сирија вклучува површина со ширина од 32 километри и должина од 444 километри.

Ердоган додаде дека состанокот со неговиот руски колега Владимир Путин е втората фаза од процесот за безбедносната зона.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın