Betül Yürük
18 Октомври 2019•Ажурирај: 18 Октомври 2019
ЊУЈОРК (АА) - Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, во врска со постигнатиот договор меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) за североисточниот дел на Сирија истакна дека со задоволство ги поздравува сите напори насочени кон намалување на тензиите и заштита на цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на генералниот секретар на ОН даде изјава во врска со средбите меѓу Турција и САД и постигнатиот договор за североисточниот дел на Сирија.
Во изјавата тој рече: „Генералниот секретар ги поздравува сите обиди и вложени напори кои се во рамките на Повелбата на ОН и меѓународното хуманитарно право за намалување на тензиите и заштита на цивилите.“
Во продолжение тој истакна дека сѐ уште претстои долг пат за изнаоѓање на ефикасно решение за кризата во Сирија.