Kemal Karagöz
29 Јуни 2019•Ажурирај: 01 Јули 2019
АДИЈАМАН (AA) - КЕМАЛ КАРАЃОЗ – Планината Немрут, на југоистокот на Турција, се наоѓа на листата на УНЕСКО за светско наследство, а меѓу сѐ поголемиот број туристи кои ја посетуваат, важи за место со најубаво изгревање и заоѓање на Сонцето, јавува Anadolu Agency (AA).
Последите неколку години туризмот на југоистокот на Анадолија остварува вистински процут, а главни атракции на таа турнеја се планинините Немрут и Адијаман.
Немрут е прогласена за национален парк, а туристите треба да пешачат еден час за да дојдат на единственото плато на оваа планина.
Главна атракција на Немрут е платото во близина на врвот на кое се сместени бројни скулптури, вклучувајќи ја и онаа 50 метри висока за која се верува дека е поставена на гробницата на кралот Антиох Комагенски од првиот век пред новата ера.
Годишно Немрут ја посетуваат околу 100.000 домашни и странски туристи, а повеќето на планината доаѓаат за да уживаат во спектакуларните глетки за време на изгревањето и заоѓањето на Сонцето.
Грахам Даглас од Австралија дошол за да ужива во заоѓањето на Сонцето на Немрут, а во разговор за АА рече дека тоа доживување е многу вредно.
„Пред 10 години првпат прочитав нешто за Немрут. Имав желба да дојдам. Глетките што ги видов се фантастични. Ретки се ваквите места во светот. Скулптурите се исто така фасцинантни“, рече Даглас.
И туристот Мустафа Јилмаз од Истанбул првпат ја посети Немрут и уживаше во нејзините убавини.
„Поминавме тежок пат и дојдовме тука. Ова е навистина место кое треба да се посети. Сѐ е многу поубаво отколку што се пишува и раскажува за него“, рече Јилмаз.