Sultan Çoğalan
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Во Истанбул утре започнува 40-тата седница на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, на која помеѓу останатото ќе биде донесена и одлука за сврстување на средновековните надгробни споменици (стечци) од БиХ, Црна Гора, Хрватска и Србија на листата на светско наследство, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за надворешни работи на Турција наведено е дека во рамките на седницата во Истанбул ќе бидат детално испитани извештаите за заштита на 156 споменици, меѓу вкупно 1031 кои се наоѓаат на листата на наследство.
На седницата во Истанбул, која ќе трае до 20-ти јули, ќе присуствуваат околу 2000 учесници, меѓу кои претставници на земјите членки, претставници на управата на УНЕСКО, бројни службеници, научници и експерти за културно и природно наследство.
Истакнато е исто така дека Турција, како една од земјите основачи на УНЕСКО, и Истанбул како град со повеќе вековна историја и иденствен идентитет ќе бидат идеални домаќини на седницата на Комитетот за светско наследство.
Инаку, оваа година на седницата ќе бидат претставени 29 апликации за Листата на светско наследство, меѓу кои и стечците од БиХ, Црна Гора, Србија и Хрватска.
Називот на номинацијата е „Стечци - средновековни надгробни споменици”.