Muhammed Bilal Kenasari
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во градот Атланта во САД пронајден е Афроамериканец обесен на дрво, јавува Anadolu Agency (AA).
Настанот се случил во паркот Пиедмонт а официјалните лица се соммневаат на убиство, додека граѓаните сметаат дека за ова е одговорна екстремистичката група Клу Клукс Клан (ККК).
Полицијата во Атланта наведува дека во раните утрински часови пронајдено е обесено машко лице на возраст помеѓу 25 и 35 години. припадниците на безбедносните сии наведуваат дека можеби станува збор за самоубиство.
Гуверенерот на Атланта, Касим Ред, истакна дека случајот го следи и Федералното истражно биро (ФБИ) и дека не се точни тврдењата кои се појавиле на социјалните мрежи.
Ред нагласи дека тврдењата дека Афроамериканецот бил линчуван, а потоа обесен на дрво, не биле вистинити.