Muhammed Bilal Kenasari
09 Јули 2016•Ажурирај: 10 Јули 2016
ВАШИНГТОН (АА) –Во главниот град на САД, Вашингтон, беа одржани протести во знак на револт од убиството на двајца афро-американци, државјани во две сојузни држави од страна на полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестните демонстрации во САД започнаа по убиството на младиот афро-американец Алтон Стерлинг во вторникот, односно на Филандо Кастил во средата.
Стотици демонстранти во знак на протестен револт од убиството на младите афро-американци се собраа пред Белата куќа во главниот град Вашингтон.
Протестите кои започнаа во раните вечерни часови се одвиваа се до доцна во ноќта.
Насобраните демонстранти во своите раце држеа испишани слогани: “Битен е животот и на афро-американците ”, “ Не сакам моето име да се најде на социјалните мрежи“, “Ако нема правда нема ни мир“.
Освен оние во Вашингтон, во тек се протести против полициското насилство врз афро-американците и во многу од останатите градови и држави во САД.