Halit Süleyman
08 Јули 2016•Ажурирај: 08 Јули 2016
АЛЕПО (АА) – Дваесет и двајца цивили ги загубија своите животи за време на воздушните напади врз областите под контрола на опозицијата во градот Алепо, извршени од страна на силите на режимот во Сирија и руските авиони, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информации добиени од одговорните претставници на власта за цивилната одбрана, руските и режимските сили, во текот на вчерашниот ден ги бомбардирале населбите под контрола на опозицијата, при што го прекршиле 72 часовното примирје, кое по повод празникот за Рамазан Бајрам беше донесено на ниво на државата.
Нападите, во кои загинаа 22 цивили, од кои дел се жени и деца, се одвиваа во населени места во Алепо, како што се населбите Биадин, Тарик ал-Баб, Салихијин, Џезматиј, како и во градчето Етраиб и Кафир.
Одговорните истакнуваат дека од бомбардирањата се урнати голем број на згради, од кои екипите на цивилна заштита се обидуваат да ги извлечат и спасат затрупаните луѓе.