Büşra Nur Bilgiç
26 Септември 2019•Ажурирај: 29 Септември 2019
ТУНЏЕЛИ (АА) - Новиот музеј во источната турска област Тунџели ќе прикаже над 2.000 историски артефакти, истакна директорот за култура и туризам на областа, јавува Anadolu Agency (AA).
„Тунџели, кој со години трпеше негативни влијанија од тероризмот, неодамна стана град на мирот“, изјави Исмет Хакан Уласоглу за АА.
„Лесно можеме да го кажеме ова врз основа на бројот на домашните и странските туристи кој е во пораст“, додаде тој.
Уласоглу исто така изјави дека музејот е лоциран во центарот на градот и дека е достапен за странските и локалните туристи.
Музејот ќе има и библиотека, како и секции за културата на Алевитите, археологијата и етнографијата.