Faruk Zorlu
26 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
КУТАХИЈА (AA) - Археолозите откопаа остатоци од бања во античкиот град Аизанои во западна Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменик-раководителот на тимот на археолози, Зерин Ердинч, за АА изјави дека бањата се верува дека датира од 4 век пр.н.е. Се состои од три објекти кои обезбедуваат студена, топла и жешка бања.
„Структурата и другите детали откриваат дека социјалните класи ja користеле како јавнa бањa во античките времиња“, изјави Eрдинч, која е професорка на Универзитетот „Думлупинар“ во Кутахја.
Римјаните минувале по цели денови во бањите, бидејќи тоа биле и места за дружење. Мажите и жените ги користеле бањите во одделни часови.
„Исто така, има впечатлива сличност помеѓу античките и денешните бањи“, додаде таа.
Остатоците од бањата покажуваат дека различни делови во бањата биле наменети за различни цели, затоа што биле откриени засебни простории за пресоблекување, капење, сауна, одморање и јадење.
„За овие цели биле потребни одделни соби со специфични објекти, кои Римјаните ги изградиле макотрпно“, изјави аерхологот.
Археолозите додадоа дека областа која била додадена на привремената Листа на светското наследство на УНЕСКО во 2012 година, открила населени места, кои датираат од 3000 години пр.н.е.
Лоциран на околу 57 километри од центарот на Кутахја, градот Аизанои претставувал верски центар во рамките на Римската империја во 133 година пр.н.е. Но, тој ја изгубил важноста во раниот византиски период.
Подрачјето околу Храмот на Зевс беше претворено во тврдина во средновековниот период и беше користено како тврдина од Татарите во 13 век. Ја откриле европските патници во 1824 година.
Ископувањата извршени од германскиот Археолошки институт во периодот меѓу 1970 и 2011 година, открија различни антички структури, вклучувајќи го Храмот на Зевс, театар со капацитет од 20.000 лица, стадион со капацитет од 13.500 лица и две бањи.
Храмот на Зевс бил првиот од прекрасните градби изградени во центарот на градот Аизанои на западниот брег на реката Пенкалас (сега позната како Коџачај).