Admir Fazlagic
01 Март 2016•Ажурирај: 03 Март 2016
СКОПЈЕ (АА) - Од денеска до 5-ти март 2016 година на Скопски саем се одржува тринаесетото издание на Саемот за градежништво. Станува збор за меѓународен бизнис настан за градежништво, градежни материјали и градежна механизација, на кој учествуваат околу 300 компании кои работат во оваа област, јавува Anadolu Agency (AA).
Според организаторите, овој меѓународен сaeм подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите и трговците од Македонија и од странство. На него ќе се нудат и продаваат производи и услуги за работа, одржување, модернизирање, реновирање и опремување објекти и имоти и ќе привлече експерти од областа на градежната индустрија кои ќе дискутираат и склучуваат зделки во кои ќе ги вклучуваат и новите трендови во градежништвото. Бројот на изложувачи и оваа година ја достигна бројката од 100 директни компании, респоредени во три саемски хали. Целта на овогодинешниот саем на градежништво е да го задржи овој динамичен раст, а за изложувачите и посетителите да претставува атрактивна платформа од интерес во овој сектор.
Партнер на саемската манифестација е Министерството за финансии, поради што на отворање на саемот присуствуваше министерот за финансии Зоран Ставрески,кој во своето излагање истакна дека саемот претставува добра можност да се остварат релации коишто ќе овозможат и понатаму да се одржи високиот тренд на раст на секторот градежништво како гранка којашто е значајна во економската стратегија и политиките на Владата на Републима Македонија. Ставрески потенцираше дека овој саем создава синергија којашто на посетителите им нуди добра информација и богата понуда, место каде можат да се сретнат понудата и побарувачката на едно место.
"Градежништвото е потпора на македонската економија. Тоа е поддржано на повеќе начини прво преку растот на јавните инвестиции, односно крупните капитални проекти. Тоа е она што минатата година за 9 месеци градежништвото оствари реален пораст за речиси 12% и очекуваме овој позитивен тренд да продожи и оваа година. Владата го поддржува градежништвото и преку низа проекти кои што ја поттикнуваат градежната дејност, како што се овластена стапка на ддв од 5 отсто, за прв промет на станови којашто игра голема улога во понудата и цената на становите на пазарот на недвижности", рече министерот Ставрески, потесетувајќи дека овој саем е добра можност и за сите заинтересирани граѓани за проектите на Владата "Купи куќа за млади" и "Купи куќа-купи стан", проект од 2012 година.
На Саемот на градежништво 2016 повторно со своја понуда на кровови, гипсени производи, малтери и фасадни производи, лепила, изолациски материјали, битуменски производи, камен и песок, ѕидни бои и други производи од областа на градежништвото.
Оваа година на саемот настапуваат и три општини од кои четири скопски општини тоа се: Илинден, Сопиште, Петровец, Карпош.
Во рамките на Саемот на градежништво 2016, во Метрополис Арена по шести пат ќе се одржи и Саемот за недвижности и инвестиции "RealExpo", кадешто учествуваат голем број градежни компании, кои ќе понудат станови.