свет

На Антарктикот во 2016 година се удавиле илјадници млади пингвини

Во 2016 година од сателитските снимки увиделе дека илјадници мали царски пингвини кои живеат во Веделовото Море се удавиле поради уништениот џиновски ледник

Emel Öz Gözellik  | 25.04.2019 - Обновена : 27.04.2019
На Антарктикот во 2016 година се удавиле илјадници млади пингвини

АНКАРА (АА) - Илјадници млади пингвини на Антарктикот во 2016 година се удавиле поради тоа што лошите временски услови го уништиле џиновскиот ледник на кој живееле, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според веста на веб-страницата „Сајанс Дејли“, д-р Питер Фретвел и Фил Тратан, од тимот на британски научници на Антарктикот (BAS), во 2016 година од сателитските снимки увиделе дека илјадници мали царски пингвини кои живеат во Веделовото Море се удавиле поради уништениот џиновски ледник. 

Фретвел и Тратан, како резултат на нивната работа врз сателитските снимки, откриле дека една област која била покриена со измет од пингвини, одеднаш, во текот на една ноќ се потопила во водата и илјадниците пингвини кои сѐ уште не знаеле да пливаат, се удавиле. 

Истакнувајќи дека пингвините што живеат таму ги следат со години, Фретвел нагласи дека има сериозен пад во нивниот број. Бројот на пингвини се намалува поради уништените големи ледници. Тие пак, се уништуваат поради топлото време и силните ветрови. 

Истражувањето спроведено на почетокот на оваа година покажа дека стапката на топење на ледниците во Антарктикот, во текот на 16 години, се зголемила за 280 проценти на годишно ниво. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.