Ahmet Gürhan Kartal
25 Април 2019•Ажурирај: 26 Април 2019
ЛОНДОН
Група симпатизери на терористичката организација ПКК упаднаа синоќа во зградата во центарот на Лондон во која се наоѓа канцеларијата на Меѓународниот канал на турската радио-телевизија ТРТ Ворлд (TRT World), јавува Anadolu Agency (AA).
Најмалку 50 лица влегоа во предворјето на канцеларијата на ТРТ Ворлд, мавтајќи со знаме и поставувајќи голем постер на Абдулах Оџалан, осудениот водач на терористичката организација ПКК.
Британската полиција во рок од еден час го испразни предворјето на зградата и презеде безбедносни мерки околу зградата.
За време на инцидентот немаше повредени, ниту беше причинета материјална штета на канцелартијата на ТРТ Ворлд.
Поддржувачите на терористичката организација ПКК често извршуваат напади на турските канцеларии, џамии и компании низ Европа.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на својата тридецениска кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.
Лондонската полиција не забранува носење на симболите на ПКК и на нејзиниот осуден лидер Оџалан, иако тоа би требало да биде во согласност со законите за забрана на терористичките обележја.