Barış Gündoğan
02 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
АНКАРА (АА) - Турција до денес спречи повеќе од 50.000 поддржувачи на терористичката организација ДЕАШ во обид да заминат во подрачјата на Сирија и Ирак зафатени од судири, изјави денес во Анкара премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турција е земја што до денес има спречено повеќе од 50.000 симпатизери на ДЕАШ преку нашите границите да преминат понатаму во регионот. Спречивме огромен број крвави терористички напади така што уапсивме 3.500 членови на терористичката организација ДЕАШ“, додаде Јилдирим.
Турскиот премиер ги повика сојузниците во борбата против тероризмот, пред сѐ, САД, да не соработуваат со ЈПГ во идните акции против ДЕАШ на подрачјето на сирискиот град Рака, бидејќи ЈПГ/ПЈД е огранок на ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, ЕУ и САД.
„Нашите пријатели мора добро да знаат дека ги познаваме добро ЈПГ, без оглед на тоа кои униформи ги носат и како се нарекуваат. Поради тоа, пред да тргнат во реализација на што било, нашите сојузници и пријатели треба да размислат не еднаш, туку десетпати. Треба да одлучат кого земаат за сопатник бидејќи ќе продолжат понатаму кон својот избор или со Турција или со терористичките организации“, порача Јилдирим.