Zehra Ulucak
20 Јуни 2019•Ажурирај: 23 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Истражувачите преку споредба на снимките на Хималаите изработени од шпионски сателити во периодот на Студената војна со снимките изработени последните години, утврдија забрзано топење на глечерите на Хималаите, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на „Би-би-си“ (BBC), истражувачите, разгледувајќи ги податоците за загубите на глечерите на Хималаите во периодот 1975 - 2000 и 2000 - 2016, ја обелоденија загубата на глечерите во период од 40 години.
Истражувачите соопштија дека во периодот од 1975 до 2000 година, секоја година во просек се топеле 4 милијарди тони мраз, додека во периодот од 2000 до 2016 година, топењето на глечерите е речиси двојно зголемено, и во просек, годишно се топеле околу 8 милијарди тони мраз.
Истражувањето покажа дека од 2000 година на Хималаите дебелината на глечерите, во просек, годишно се намалува за половина метар.
Истражувачите на Универзитетот „Колумбија“, кои истражувале 650 глечери кои се наоѓаат по должината на Хималаите (на 2.000 километри), соопштија дека главната причина за топењето на глечерите е поврзана со климатските промени и зголемувањето на температурата.
Истражувањето е објавено во списанието „Science Advances“.