Gökhan Kurtaran
18 Јуни 2019•Ажурирај: 19 Јуни 2019
ЛОНДОН (АА) - Социјалната мрежа „Фејсбук“ (Facebook) соопшти дека наредната година, односно во 2020 година, на пазарот ќе лансира нова криптовалута, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на „Фејсбук“, криптовалутата која на пазарот ќе биде лансиранa во 2020 година, ќе се именува „Libra“ и ќе се поддржува од системите за плаќање како „Mastercard“ и „Visa“.
Во соопштението се наведува дека покрај оваа криптовалута, ќе се создаде и едeн дигитален паричник кој ќе се нарекува „Calibra“, и дека корисниците на оваа платформа ќе можат да направат трансфер на „Libra“ меѓу нив.
„Луѓето во повеќе места во светот, не можат да пристапат до финансиските услуги од најопшти нивоа. Речиси половина од возрасните луѓе во светот немаат банкарска сметка. Оваа стапка е уште полоша во земјите во развој и меѓу жените. Околу 70 отсто од малите претпријатија на пазарите во развој немаат пристап до кредит“, се истакнува во соопштението на „Фејсбук“.
„Фејсбук“ нагласи дека криптовалутата и дигиталниот паричник ќе може да се користат преку „Facebook Messenger“ и „WhatsApp“, како и преку самата мобилна апликација на „Calibra“.