Mücahit Oktay
23 Јуни 2020•Ажурирај: 24 Јуни 2020
ЊУЈОРК (АА) – Температурата од 38 степени измерена во градот Веркхојанск, во Сибир, влезе во историјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Температурите во сибирскиот регион во Русија се над сезонските норми, а највисоката температура измерена во кругот на Северниот Пол, во градот Веркхојанск изнесуваше 38 степени за време на викендот.
Во извештајот за временската прогноза на американскиот канал „Си-би-ес“ (CBS) се истакнува дека Веркхојанск генерално е едно од најстудените места во светот и дека овој регион со -51 степени под нулата беше една од најстудените точки во зимата 2019-2020 година.
Во извештајот се забележува дека ваква температура не била доживеана на Северниот Пол досега.
Меѓу другото се наведува дека настанале пожари во областите во близина на кругот на Северниот Пол. Од сателитските снимки се забележува дека е издигнат облак од чад во источниот дел на градот Веркхојанск.
Беше наведено дека има пожари во областите во близина на кругот на Северниот Пол, каде што беше доживеана историската температура, а на сателитските снимки се забележува дека облакот од чад што се издига од истокот на градот Верхојанск се шири на голем простор.
Наведено е дека температурата во регионите Хатанга и Нижњаја Пеша во Сибир се исто така над сезонските норми.