Barry Ellsworth
24 Јули 2018•Ажурирај: 26 Јули 2018
КАЛИФОРНИЈА (АА) - „Зголемените температури што се јавуваат како последица на глобалното затоплување можат да доведат до зголемување на стапката на самоубиства во САД и Мексико“, велат истражувачите од САД и Мексико, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истражувачите од Универзитетот Станфорд предвидуваат дека зголемувањето на температурите на годишно ниво меѓу двете земји до 2050 година ќе резултира со 21.000 убиства повеќе.
„Кога зборуваме за климатските промени, лесно е да размислуваме за нив апстрактно. Но илјадници дополнителни самоубиства кои веројатно ќе се случат како резултат на климатските промени не претставуваат само број, тие претставуваат трагични загуби за семејствата низ земјата“, изјави авторот на истражувањето, Маршал Бурк, во своето соопштение.
Научниците го поврзуваат зголемениот број на самоубиства со топлото време, иако причините зошто тоа е така се нејасни.
Истражувачите извршија преглед на самоубиствените стапки низ илјадници американски окрузи и мексикански општини. Потоа ги споредија информациите за самоубиствената децениска стапка со историските податоци за температурата.
Дополнително на тоа, истражувачите собраа неколку објави од социјалните медиуми кои содржеа клучни зборови кои укажуваа на депресија, како „осаменост“ и „самоубиство“. Овие објави подоцна беа споредени со податоците за температурата.
Истражувачите пронајдоа силна поврзаност меѓу високите температури и зголемениот број на самоубиства, како и зголеменото искажување на депресија на социјалните медиуми. Иако не веруваат дека депресијата на луѓето е директно поврзана со високите температури, се чини дека топлината го поттикнува човекиот ум да стори самоубиство.
„Предвиденото зголемување на температурите до 2050 година како последица на климатските промени, исто така, ќе го зголеми бројот на самоубиства во САД за 1,4 отсто и во Мексико за 2,3 отсто“, вели Бурк.
Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), околу 800.000 лица извршуваат самоубиство секоја година во светот. Центрите за контрола и превенција на катастрофа пријавија околу 45.000 самоубиства во САД во 2016 година, статистика која се движи нагоре од 2000 година. СЗО, исто така, објави дека во 2014 година се случиле околу 6.200 самоубиства во Мексико, каде што бројот на самоубиствата полека се зголемува.
„Самоубиството е една од водечките причини за смрт во светот, а стапката на самоубиства во САД се зголеми драматично во изминатите 15 години“, вели Бурк и додава: „Значи, подоброто разбирање на причините за самоубиство е приоритет за јавното здравје“.