Zehra Ulucak
27 Февруари 2018•Ажурирај: 28 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Новата статија објавена во списанието „Nature Climate Change“ покажа дека околу 70 отсто од вкупниот број кралски пингвини ќе бидат принудени да побараат ново живеалиште или ќе изумрат до крајот на овој век доколку се продолжи со емисијата на гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Научниците предупредуваат на опасноста со која се соочуваат кралските пингвини доколку не се преземат одредени чекори во спречувањето на климатските промени.
Кралскиот пингвин, втор по големина од видот на пингвини, воглавно живее на подантарктичките острови.
Глобалното затоплување не само што го стеснува подрачјето на кое живеат кралските пингвини, туку влијае и на намалувањето на оваа колонија.
Доколку температурата на водата се зголеми на подрачјето на кое живеат пингвините, тогаш рибите, нивната омилена храна, ќе заминат во постудени води.
Научниците предупредуваат дека пингвините мора да ги положуваат јајцата во подрачја оддалечени од местата на кои пронаоѓаат храна. Кога рибите си заминуваат од островите на кои се наоѓаат пингвините, постарите единки се принудени да пливаат подалеку и подолг период ги остават своите младенчиња да чекаат храна.
Резултатите од оваа студија објавена во списанието „Nature Climate Change“ покажуваат дека поголемиот дел од колониите би можеле да се соочат со намалување на популацијата, бидејќи младенчињата умираат од глад чекајќи постарите единки да им донесат храна.
„Нашето истражување покажа дека до крајот на овој век, 70 отсто од кралските пингвини ќе го сменат своето живеалиште или ќе изумрат поради емисијата на гасови со ефект на стаклена градина“, предупреди Селин Ле Боес, научничка од Универзитетот во Стразбур.
Кралските пингвини се само една од неколкуте загрозени видови пингвини на Антарктикот. Претходните судии покажаа дека глобалното затоплување претставува закана и за царските, аделијските и антарктичките (ѓерданести) пингвини.