свет

Климатските промени ѝ се закануваат на Африка

Невладината организација „Save the Children“ соопшти дека поради негативното влијание на глобалните климатски промени, најмалку 33 милиони лица во Источна и Јужна Африка ќе се соочат со небезбедна храна

Tufan Aktaş  | 06.12.2019 - Обновена : 07.12.2019
Климатските промени ѝ се закануваат на Африка

ИСТАНБУЛ (АА) - Невладината организација „Save the Children“ соопшти дека поради негативното влијание на глобалните климатски промени, најмалку 33 милиони лица во Источна и Јужна Африка ќе се соочат со небезбедна храна, јавува Агенција Анадолија (АА).

Оваа организација до Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени што се одржува во Мадрид, главниот град на Шпанија испрати писмено соопштение во кое посочуваат на штокантните ефекти што климатските промени ги предизвикуваат во Африка.

Во писмото се истакнува дека е забележано зголемување на природните катастрофи во Мозамбик, Сомалија, Судан, Малави, Етиопоја и Зимбабве и само оваа година повеќе од 1.200 луѓе ги агубија своите животи поради поплави, свлечишта и урагани.

Покрај тоа, во соопштението се наведува дека зголемувањето на темература во јужните делови на Африка е двојно поголемо во однос на просечно глобално затоплување, поради што, заклучно со јуни 2019 година, во 7 земји, повеќе од 1 милион лица ги напуштиле своите живеалишта поради климатските шокови.

Во писменото соопштение се предупредува дека 33 милиони лица од Јужен Судан, Зимбабве, Судан, Сомалија, Замбија, Малави, Кенија, Мозамбик и Мадагаскар се соочуваат со небезбедна храна, чие ниво достигнува критични димензии, додавајќи дека состојбата уште повеќе се влошува.

Организација „Save the Children“ до лидерите кои учествуваат на конференцијата за климатски промени упатија повик за поголеми чекори во активностите за намалување на влијанието на климатската криза.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.