Büşra Nur Bilgiç
06 Декември 2019•Ажурирај: 07 Декември 2019
АТИНА (АА) - Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендијас, денес изјави дека Грција ќе го протера либискиот амбасадор во Атина поради неодамнешниот поморски договор на Либија со Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„На либискиот амбасадор Мохамед Јунис АБ Менфи му се дадени 72 часа да ја напушти земјата“, изјави Дендијас на прес-конференција.
Дендијас рече дека одлуката укажува на незадоволството на Грција од либиската Влада во Триполи, признаена од Обединетите нации, и е донесена поради неисполнувањето на правилата претходно прогласени од Грција за ова прашање.
Тој, исто така, рече дека одлуката не значи дека Атина ги прекинува дипломатските врски со Либија.
На 27 ноември, Турција и либиската Влада на националната спогодба (GNA) со седиште во Триполи потпишаа билатерален меморандум за демаркирање на ексклузивните економски зони на земјите во Источниот Медитеран.
Документот ги потврди правата на Турција и Турската Република Северен Кипар на ресурсите во Источниот Медитеран, во услови на еднострано дупчење од администрацијата на кипарските Грци.
Меморандумот го потпиша турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, по неговото усвојување во Парламентот, при што ГНА го ратификуваше договорот подоцна во четвртокот. ГНА, исто така, го ратификуваше и пактот.