Gökhan Ergöçün
29 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Турција е подготвена да започне со производство на беспилотно карго летало за своите вооружени сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Исмаил Демир, челникот на турското Претседателство за одбрана (SSB), денес објави твит дека е потпишан договор со Турски аеровселенски индустрии (TAI) за производство на дронот.
„Земјата има намера да започне со сериско производство во 2021 година“, рече Демир.
Дронот ќе може да носи товар од 50 килограми, ќе може да пренесува оружје, муниција и медицинска опрема, дури и во тешки временски услови.
„Леталото ќе има капацитет на летање од еден час“, рече челникот на турското Претседателство за одбрана (SSB).
Додаде дека се работи на зголемување на капацитетот за пренос на товар на 150 килограми.