Amina Zorniç
13 Јануари 2016•Ажурирај: 15 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американското научно списание "Cretaceous Research" објави дека научниците во пустината во Тунис пронајдоа досега најголем фосил на крокодил, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за фосил тежок еден тон и долг скоро десет метри за кој се верува дека му припаѓа на видот крокодили "Machimosaurus Rex", кои живееле на Земјата пред 120 милиони години.
Како што се наведува во научното списание, пронајдените скелетни остатоци не се комплетни, но доволно добро покажуваат дека станува збор за рептил од фамилијата крокодили која порано живеела во близина на море.
Фосилите ги пронајде научникот Федерико Фанти од италијанскиот Универзитет во Болоња и членовите на американското Национално географско друштво.