Recep Canik
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ЛИЛОНГВЕ (AA) - Во африканската држава Малави крокодил уби дете, пренесува Anadolu Agency (AA).
Полицискиот службеник во Касунг, Хари Намваза, изјави дека крокодилот го нападнал 10-годишното дете Вандерфул Санјани, додека пливало во реката во местото Санџани.
Намваза додаде дека детето во утринските часови заминало кај реката да плива, но пријателите се вратиле дома без него.
Откако детето не се појавило до вечерните часови, семејството со мештаните почнало да ја пребарува реката, по што Намваза соопшти дека телото било пронајдено во една пештера во близина на реката.
Очевидци истакнаа дека едвај го зеле телото на детето кое крокодилот сакал да го изеде.
Детето починало бидејќи загубило преголемо количество на крв.