Emre Aytekin
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
АНКАРА (АА) - Најстарите jajцa од крокодил се пронајдени во Португалија, јавува Anadolu Agency (AA).
Групата палеонтолози од Универзитетот Нова во Лисабон, научници кои се занимаваат со истражување на животните и растенијата од геолошкото минато, открија јајцата од крокодил стари 152 милиони години.
Откритието е резултат на истражувањата спроведени во близина на селото Луринха, во северниот дел на Лисабон.
Станува збор за најстарите фосилни јајца од крокодил кои припаѓаат на периодот јура од геолошкото минато на Земјата, кој е познат по диносаурусите и појавата на птиците.
Најстарите претходно пронајдени крокодилски јајца беа стари околу 110 милиони години.
Се претпоставува дека крокодилите се појавиле пред 200 милиони години.