İdris Okuducu
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
МОСУЛ (АА) - Командантот на Здружената оперативна команда на ирачките сили во Мосул, Решид Јарула денес соопшти дека безбедносните сили ги зазеле населбите Ал-Наби и Ал-Агедат во западниот дел на Мосул, а се работи за населби што ги контролираа припадниците на терористичката организација ДЕАШ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Тој заземањето на споменатите населби го оцени како голем удар за ДЕАШ и напомена дека на објектите во тој дел на Мосул се поставени знамиња на Ирак.
Според податоците на извори блиски до ирачките безбедносни сили, ирачките сили се близу до ослободување и на џамијата Нур во Мосул, а се работи за џамија во која водачот на терористичката организација ДЕАШ, Абубакир ал Багдади на 5. јули 2014 година прогласи таканаречен калифат.
Ирачките сили во рамките на операцијата за ослободување на западниот дел на Мосул досега го зазедоа тамошниот аеродром, воената база Ал-Гизлани и пет стратешки важни мостови.