Gamze Türkoğlu Oğuz
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
НЕПЈИДО (AA) - Со победата на индиректните Претседателски избори, Вин Мјинт стана нов претседател на Мјанмар, јавува Anadolu Agency (AA).
Минатата недела, поради здравствени проблеми оставка поднесе мјанмарскиот претседател Хтин Кјав, кој беше прв цивилен официјален претставник на таа функција по повеќе од пет децении воено владеење во Мјанмар, а Парламентот на оваа земја утринава избираше негов наследник.
Во изборната трка учествуваа тројца кандидати. Вин Мјинт победи со 403 гласови на парламентарните пратеници, додека воено номинираниот Мјинт Сви доби 2.011, а досегашниот потпретседател Хенри ван Тио, вкупно 18 гласови.
Нов претседател на Мјанмар е 66-годишниот Вин Мјинт, кој ја извршуваше функцијата претседател на мјанмарскиот Парламент. Како поранешен политички затвореник од ерата на строгата воена диктатура, Вин Мјинт е еден од блиските соработници на мјанмарската дефакто шефица на државата, а службено, мјанмарската канцеларка Аунг Сан Су Ќи.
На функцијата нов шеф на Парламентот на Мјанмар е именуван Тин Кун Мјат, поранешниот челник на милитантна група која се товари за криумчарење на дрога.