Fuat Kabakçı
28 Март 2018•Ажурирај: 28 Март 2018
ПЕКИНГ (АА) - Поради загаденоста на воздухот во главниот град на Кина, Пекинг, беше прогласен син аларм, јавува Anadolu Agency (AA).
Метеоролошката служба во Пекинг соопшти дека нивото на штетни честички PM2.5 и PM10 достигна опасно ниво, односно горната граница на загадување, поради што во главниот град е прогласен син аларм.
Видливоста во Пекинг е помеѓу два и четири километри.
Официјалните лица го предупредија населението, надвор да поминува колку што може помалку време, а оние лица кои мораат да излегуваат, да носат заштитни маски.
Граѓаните се предупредени за песочната бура од Монголија, која ќе се почувствува во Кина во наредните денови.
Поради загадувањето на воздухот во Кина, на сила се четири аларми, син, жолт, портокалов и црвен. Повеќето кинески градови се меѓу најзагадените градови во светот.
Во Кина, во изминатите неколку години се преземени многу мерки за намалување на загадувањето на воздухот. Беа оформени инспекциски тимови, зголемени се казните за компаниите кои предизвикуваат загадување, а привремено се прекинати и градежните работи.
Земјата со проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина се соочува од 2014 година. Повеќето големи градови во Кина, кои ја плаќаат цената на брзиот развој и урбанизација, исто така, се најзагадените градови во светот.
Во најнаселената земја во светот, од загаденоста на воздухот годишно умираат околу 1.600.000 луѓе.