Ekip
14 Декември 2016•Ажурирај: 15 Декември 2016
АЛЕПО (АА) - Петгодишното дете кое е рането во нападите на Алепо од страна на силите на режимот и шиитските милиции било лекувано од страна на здравствените работници во подрумските простории на една куќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Бидејќи медицинскиот прсонал немал сретства за анестезија, 5-годишното дете се обидело својата болка да ја намали читајќи цитати од светата муслиманска книга Куранот.
Првата сура која ја учи детето е сурето „Тебет":
* Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен! *
1. Нека пропадне Ебу Лехеб, и тој пропадна!
2. Не му вредеше имотот негов, и она што стекна.
3. Ќе влезе тој, сигурно во огнот распламтен,
4. и жената негова која сплетки прави,
5. На вратот нејзин ќе биде обесено јаже од пламен!
Втората сура од Куранот која ја чита детето е сурата „Бејине":
*Во името на Аллах, Милостивиот Сомилосен!*
1. Оние кои не веруваа, меѓу Следбениците на Книгата и многубошците, не престанаа се додека не им дојде јаснотија,
2. еден пејгамбер од Аллах кој им ги кажува страниците чисти,
3. во кои има прописи исправни.
4. А се разделија оние на кои им е дадена Книгата, токму тогаш кога им е даден јасен доказ,
5. а наредено им е само да Аллах да му се клањаат, искрено, како правоверни верата да ја исповедаат, и молитва да извршуваат и милостина да делат; а тоа е - исправна вера.