Dildar Baykan
28 Март 2018•Ажурирај: 29 Март 2018
АНКАРА (АА) - ДИЛДАР БАЈКАН - Турската фондација за верски прашања (ТДВ) им подаде рака на араканските муслимани кои во сиромаштија живеат во Бангладеш, каде што избегаа поради суровоста на која биле изложени во родната земја.
ТДВ достави итна хуманитарна помош во вредност од околу 742.000 евра до 521.264 аракански муслимани, кои од 25 август досега, се засолнија во кампови, период во кој насилството врз муслиманите предизвикаа голем миграциски бран од Аракан во Бангладеш.
Оваа Фондација им пружи рака, доделувајќи им храна, облека, хигиенски и други средства на араканските муслимани кои живеат во 17 различни места во регионите каде што се поставени кампови, како што е градот Кокс Базар во Бангладеш.
Доделената помош може да ја задоволи едномесечната потреба од храна на едно семејство.
ТДВ, своите хуманитарни активности ги врши преку координативниот центар отворен во регионот, а спроведува и активности за подобрување на условите за живеење во камповите.
Турската фондација за верски прашања во овие кампови отвори пет бунари за вода, пет месџиди (места за извршување на верската обврска), еден образовен центар и изгради пет мостови кои ги поврзуваат ридовите на кои се изградени камповите.
Араканските бегалци, ридот на кој се наоѓаат камповите изградени од ТДВ, во кои условите се подобри во споредба со другите кампови, го нарекуваат „Турски рид“.
ТДВ, своите активности не ги ограничува само на камповите, туку, исто така, обезбедува помош за домување и облека и за араканските муслимански семејства кои престојуваат надвор од камповите.
По просторот за домување, хигиената претставува најголем проблем за араканските муслимани во камповите. Во подрачјето ретко се наоѓаат тоалети и бањи. Во овие рамки, ТДВ изградени 15 тоалети и 8 бањи во камповите.
Од 2012 година, кога започна кризата, па досега, ТДВ продолжува со доставување хуманитарна помош за араканските муслимани.
ТДВ, која до денес достави помош со вкупна вредност од 15 милиони лири (околу 3 милиони евра) за араканските муслимани, во месецот на постот Рамазан, организира ифтари за народот во регионот, а дава и месо од курбан.
Од друга страна, оваа Фондација врши активности и во областа на образованието. На 4.134 аракански муслимани, кои се лишени од правото на образование во нивната земја, ТДВ им обезбедува стипендии во земјите во кои се засолнети, како што се Бангладеш, Пакистан и Малезија.
Исто така, 11 аракански муслимани, со стипендии на ТДВ, го продолжуваат своето образование во Турција.
Со сароботката помеѓу ТДВ и „Pakistan NGO World“, се обезбедува и неформално образование за децата на араканските муслимански семејства кои се сместени во градот Карачи.
Геноцид врз араканските муслимани
Се претпоставува дека во 1970-тите години во Аракан живееле околу 2 милиона муслимани, но оваа бројка денес е намалена под 300.000 поради бегствата од систематските напади од мјанмарската администрација.
Според ОН, бројот на араканските муслимани кои се засолнија во Бангладеш, само од 25 август минатата година досега, изнесува над 700.000.
Сателитските снимки што ги објавија меѓународните хуманитарни организации докажаа дека во подрачјето се запалени стотици муслимански села.
Владите на Мјанмар и Бангладеш потпишаа Договор за враќање на Араканците во нивните територии. Но, поради тоа што овој Договор не е можно да ја евидентира ситуацијата на раселените лица, тој останува нефункционален во практиката.
ОН и меѓународните невладини организации насилството врз араканските муслимани го нарекоа „етничко чистење“ или „геноцид“.