Dildar Baykan,Barış Seçkin
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
ШАХ ПОРИР ДВИП / РИМ (АА) - Од 25 август до денес во Бангладеш, бегајќи од напади, преминаа околу 60.000 аракански муслимани, кажуваат податоците на Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), јавува Anadolu Agency (AA).
Само во последните 24 часа, илјадници од нив се обидуваат да најдат засолниште во соседниот Бангладеш. Портпаролката на УНХЦР во Бангладеш, Вивијан Тан, потврди дека во изминатите 24 часа илјадници аракански муслимани преку илегални патишта преминале во Бангладеш.
„Од 25 август, бројот на оние кои пристигнаа во оваа земја изнесува 60.000“, истакна Тан.
Од Светската програма за храна (WFP) потврдено е дека од безбедносни причини ги прекинале актовностите за испорака на храна во Аракан.
Франсес Кенеди од Канцеларијата на Светската програма за храна во Рим, за АА изјави дека поради безбедносни причини морале да ги прекинат акциите на доставување помош во храна.
„Ние сѐ уште сме таму да ја работиме нашата работа, но моментално поради судирите не сме во можност да дојдеме до Аракан“, рече Кенеди.
Поради нападите на над 60 села, десетици илјади аракански муслимани се принудени да бегаат и да најдат спас во други подрачја.