?kipa
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
НАЈРОБИ (АА) - Најмалку 7 ученички смртно настрадаа во пожарот кој избувна во средното училиште „Мои Грлс“ во кенискиот главен град Најроби, потврди министерот за образование Фред Матианги, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Матианги истакна дека ученичките загинале откако пожарот ја зафатил просторијата за спиење во средното училиште. Тој нагласи дека сѐ уште не се познати причините кои го предизвикале пожарот, додавајќи дека за потребите на истрагата училиштето ќе биде затворено во наредните две недели.
Сличен пожар се случи и во 2001 година во средно училиште во источниот дел на Кенија, кога во пожар животот го загубија 67 ученици.
Минатата година, во најмалку 126 средни училишта се забележани помали или поголеми пожари предизвикани во знак на протест на учениците поради скратувањето на празниците и ограничувањето на посетата од страна на родителите.