Mehmet Nuri Uçar
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
САМАРА (АА) - Најмалку 15 лица загинаа, а 11 се повредени во напад врз електрана во ирачкиот град Самара, во северната покраина Салахадин, јавува Anadolu Agency (AA).
Нападот го изведоа припадници на терористичката организација ДЕАШ, а како што дознава АА, загинале седум лица вработени во електраната.
Ирачките сили убија осум бомбаши-самоубијци. На двете страни ранети се 11 лица. Во последните денови, зголемен е бројот на напади на ДЕАШ во северните подрачја од покраината Салахадин.