Emre Gürkan Abay
02 Септември 2017•Ажурирај: 03 Септември 2017
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, на барањето од страна на САД за затворање на главното конзуларно претставништво на Русија во Сан Франциско и објектите кои се дел од двете конзуларни претставништва во Вашингтон и во Њујорк, изјави дека подготвуваат „остра реакција”, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот Лавров кој беше дел од програмата на студентите од Универзитетот за меѓународни односи (MGİMO) во Москва, кој е поврзан со руското министерство за надворешни работи, даде проценка за новите дипломатски чекори кои ги презема САД кон Русија.
Лавров рече дека периодот на двонасочно воведување санкции меѓу Русија и САД не го започнала Русија, туку дека тоа го започнала администрацијата на Обама.
„Целта на започнувањето на периодот на воведување санкции е со цел да се спречи нормализирањето на односите меѓу Русија и САД, едно од ветувањата на Доналд Трамп”, изјави Лавров.
Околу барањето за затворање на главното конзуларно претставништво на Русија во Сан Франциско и објектите кои се дел од двата конзулата во Вашингтон и во Њујорк, Лавров истакна: „Подготвуваме остра реакција на потегот на САД”.
Раководството на САД претходно соопшти дека на Русија ѝ дава рок до 2 септември да ги затвори главното конзуларно претставништво на Русија во Сан Франциско и објектите кои се дел од двете конзуларни претставништва во Вашингтон и во Њујорк