Турција, наука и технологија

Турција: Пронајден фосилен остаток на мамут стар речиси 8 милиони години

Фосилизираната коска од вилицата на мамутот ја пронашол локален земјоделец за време на обработувањето на нивата

Ömer Ertuğrul  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Турција: Пронајден фосилен остаток на мамут стар речиси 8 милиони години Ömer Ertuğrul/AA

Yozgat

ЈОЗГАТ (АА) - Жител на село во турската област Јозгат, за време на обработувањето на својата нива пронашол фосилизирана коска на вилица од мамут, стара речиси 8 милиони години, јавува Anadolu Agency (AA).

Директорот на Музејот во Јозгат, Хасан Шенјурт, соопшти дека експертите започнале со анализа и истражување на фосилот, кој локалниот земјоделец го предал на вработените на Музејот.

Тој изјави дека според прелиминарните резултати од истрагата, станува збор за скаменети остатоци од коските од мамутот, кој живеел пред речиси 8 милиони години.

Истакнувајќи дека во овој турски регион и претходно се пронајдени повеќе фосилни остатоци, тој рече дека ова е првпат да се работи за остатоци на мамут или на кој било вид слон.

„Јозгат е познат како богато наоѓалиште на фосили и веќе 3 години тимот на Џем Еркман, професорот од Универзитетот „Ахи Евран“, врши опсежни истражувања на ова поле“, изјави Шенјурт.

Пронаоѓачот на фосили, земјоделецот Алпер Душунџели, изјави дека фосилот го пронашол за време на обработувањето на нивата и дека веднаш забележал оти се работи за скаменета коска на вилица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın