наука и технологија, живот

Во Јордан пронајден рецепт за леб стар 14.000 години

Според рецептот стар 14.000 години, пченичното и јачменовото брашно се мешаат со иситнети корени на растенија. Потоа се додава вода и се става да се пече.

Zehra Ulucak  | 17.07.2018 - Обновена : 18.07.2018
Во Јордан пронајден рецепт за леб стар 14.000 години

Aman

AМАН (AA) - Во Црната Пустина во Јордан е пронајден најстариот рецепт за правење леб во светот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според рецептот стар 14.000 години, пченичното и јачменовото брашно се мешаат со иситнети корени на растенија. Потоа се додава вода и се става да се пече.

Порано се сметало дека најстарите траги кои се поврзуваат за првиот леб, потекнуваат од периодот од пред 9.000 години, а пронајдени се во Чаталхојук во Турција.

Меѓутоа, новото откритие пронајдено за време на археолошките ископувања во Црната Пустина покажува дека првите траги досегнуваат 5 илјади години порано од откритието во Турција.

Научниците открија две големи печки, а во секоја се пронајдени ронки леб.

Во остатоците анализирани со микроскоп откриени се траги на мелење, просејување и мешање.

Научниците се обидоа да направат леб по стариот рецепт. Рекоа дека вкусот е сличен на денешниот леб со повеќе видови зрна.

Дориан Фулер, професор од Лондонскиот универзитетски колеџ, истакна дека станува збор за најстариот доказ за правење храна, при кој се користени и мешани неколку производи.

„Имале леб, печено месо од газели и тоа го користеле како оброк“, додава Фулер.






На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın