Hişam Şabani,Mehmet Nuri Uçar
21 Јуни 2016•Ажурирај: 22 Јуни 2016
АМАН (АА) – Шестмина загинати и 14 повредени лица е билансот на жртви по експлозија на авотмобил-бомба на јорданско-сириската граница, јавува Аgency Anadolu (AA).
„Во кукавички извршениот напад на граничниот премин рано утринава, загинаа шест лица, од кои четворица гранични службеници, едно лице од екипите за цивилна одбрана и еден полицаец, додека 14 лица од вооружените и безбедносни сили се ранети“, се наведува во соопштението на јорданската армија.
„Сторените кукавички терористички напади од ваков вид со сигурност нема да ја намалат или прекинат посветеноста на нашата армија во борбата против тероризмот и терористичките напади”, се вели во соопштението.
Во вестите на националната јорданска телевизија, поткрепени од армиски извори, се наведува дека експлозијата на автомобил-бомба се случила на безбедносната точка Рукбан на границата со Сирија, при што дошло до човечки жртви и повредени лица. Во всетите, освен информацијата за почетокот на истрага за апсење на сторителите, не се наведуваат дополнителни детални податоци.