Betül Yürük
02 Мај 2016•Ажурирај: 02 Мај 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Американскиот државен секретар, Џон Кери, во Женева се сретна со својот колега, министерот за надворешни работи на Јордан, Насир Џудех, јавува Anadolu Agency (AA).
Kери со цел спроведување на прекинот на огнот во Сирија како и дотур на хуманитарна помош на целата територија на Сирија, изјави дека "очекуваме соработка од страна на Русија. Се надеваме дека режимот во Сирија ќе ја послуша Русија и ќе ја спроведе одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации".
Кери истакна дека имал средба со руските претставници по повод тековното насилство кое Русија го поддржува во Сирија и додаде „се надеваме на напредок во преговорите и спроведување на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации за прекин на огнот и дотур на хуманитарна помош на целата територија на Сирија, но засега тоа не се спроведува."
Кери соопшти дека во Женева ќе продолжат средбите за прекин на судирите во Сирија истакнувајќи дека „ова се критични моменти. Потребно е режимот во Сирија да ја послуша Русија и да делува во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации".
Министерот за надворешни работи на Јордан изјави дека е загрижен за состојбата во Сирија, особено за ситуацијата околу градот Алепо и доколку не се прекинат судирите во Алепо и околината, може да се доводе во прашање прекинот на огнот на целата територија на Сирија.
„Прекинот на огнот во целата земја ќе создаде поволна средина за подобро политичко решение", рече Џудех истакнувајќи дека за продолжување на преговорите во Женева потребно е прво да се спроведе договорот за прекин на огнот.