Ekipa
02 Мај 2016•Ажурирај: 03 Мај 2016
СИЕТЛ (АА) - Петмина полицајци се повредени, а најмалку 10 лица беа уапсени за време на протестите во Сиетл кога демонстрантите почнаа да фрлаат молотови коктели, камења, факели и тули во насока на полицијата, соопштија официјални американски претставници, пренесува Anadolu Agency (AA).
Демонстрантите се собраа по повод Денот на трудот 1 мај, и со тивка прошетка се обидоа да го привлечат вниманието кон работничките мигрантските проблеми барајќи зголемување на платите и крај на депортациите.
„За жал, вечерва имавме насилство. За среќа никој не е сериозно повреден. Ние интервениравме кога почнаа судирите и уништување на имотот”, изјави началничката на полицијата во Сиетл, Кетлин О'Тул.
Од полицијата наведуваат дека девет лица, меѓу кои и една тинејџерка, биле уапсени синоќа. Едно лице било уапсено поради уништување на имот, пет за нарушување на работата на полицијата и три за напад.
Припадниците на полицијата употребија шок-бомби и солзавец зсо цел а да ги растера демонстрантите кои кршеа шишиња и прозорци во еден дел од градот.