Nuray Tunçay
26 Март 2016•Ажурирај: 27 Март 2016
АММАН (АА) - Владата на Јордан истакнувајќи ги историските односи меѓу Турција и Јордан, изјави дека зборовите кои се тврди дека ги употребил кралот Абдуллах во неговата посета на САД кои ја обвинуваат Турција се неосновани, јавува Anadolu Agency (AA).
Јорданскиот министер за информации Мохамед ел-Мумуни даде изјава за АА, ден пред посетата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу на оваа земја.
"Односите меѓу Турција и Јордан се историски и врз основа на принципот на меѓусебно почитување", рече Мумуни а потоа одговори на тврдењата дека јорданскиот крал Абдуллах ја обвинил Турција за време на средбите одржани на 11 јануари во САД.
"Вестите без основа не можат да влијаат на односите меѓу двете земји. Овие вести се далеку од секој елемент на професионалност", рече тој.
Во меѓувреме, јорданскиот министер за информации Мухамед Мумуни ја поздрави посетата на турскиот премиер Ахмет Давутоглу.