Melda Altakhan
10 Декември 2016•Ажурирај: 11 Декември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Централната разузнавачка агенција на Америка (ЦИА) тврди дека Русија вршејќи интервенција врз претседателските избори во САД, му помогнала на републиканскиот кандидат Доналд Трамп да победи на изборите, јавува Anadolu Agency (AA).
Според веста објавена во американскиот весник Вашингтон Пост и тврдењата на високи претставници на државата, ЦИА дошла до следниот заклучок: „Русија се вмешала во претседателските избори во САД одржани на 8 ноември“.
Во веста се вели дека лица блиски до руската влада, вршејќи сајбер напади, ги преземале тајните документи на Демократската партија во САД и му ги предале на Викиликс. Се вели дека овие лица биле откриени од страна на Американската разузнавачка служба.
Заедничка работа на 17 институции за разузнавање
ЦИА пред сенаторите на американскиот Конгрес поднела извештај, кој е подготвен од страна на 17 разузнавачки институции, претставен како „заеднички резултат“. Но во извештајот се наведува дека нема никакви податоци дека некој одговорен од Кремљ дал директна наредба. Одговорните од ЦИА, веруваат дека одговорните во руската влада „стоеле еден чекор назад“.
Од друга страна, американските медиуми објвија вести во која велат дека руските хакери упаднале и во базата на податоци на Републиканската партија, но дека тие информации воопшто не биле искористени.
- Наредба за истрага од Обама
Во петокот, претседателот на САД, Барак Обама, дал инструкции за вршење истрага поради сомневање дека е извршен сајбер напад врз претседателските избори и дека имало мешање однадвор. Тој побарал истрагата да заврши пред 20 јануари 2017 година. Портпаролот на Белата куќа, Ерик Шулц, во врска со инструкциите на Обама го изјави следното: „Ова не се обиди за поднесување жалба на резултатите од претседателските избори. Ние објавивме кој е победник на изборите. Не се сомневаме во точноста на резултатите од изборите“.
Министерстото за внатрешна безбедност и Директоратот за национално разузнавање на 7 октомври ја обвинија Русија дека за време на предизборната кампања, извршила сајбер напад врз институциите на Демократската партија. Во описот се вели: „Разузнавачката заедница на САД е уверена дека руската влада е вмешана во протокот на информации од електронската пошта на американските интитуции, американските политички партии и индивидуалци“.
На изборите на 8 ноември, за 58. претседател на САД е избран републиканскиот кандидат Трамп, пред кандидатката на демократите, Хилари Клинтон.