Израелски медиуми тврдат дека министер ќе отпатува во САД за да разговара за проширување на „Абрахамските договори“
- Медиумите во Израел тврдат дека министерот за стратешки прашања, Рон Дермер, ќе отпатува во САД за да разговара за прекин на нападите врз Појасот Газа, проширување на „Абрахамските договори“ и за нападите врз Иран што завршија со прекин на огнот

ЕРУСАЛИМ (АА) - Медиумите во Израел тврдат дека министерот Рон Дермер, ќе отпатува во САД за да разговара со администрацијата во Вашингтон за прекин на нападите врз Појасот Газа, проширување на „Абрахамските договори“ и за нападите врз Иран што завршија со прекин на огнот, известува Анадолу.
Весникот „Израел Хајом“, објави дека се очекува Дермер да пристигне во САД во понеделник, на 30 јуни.
Во веста се тврди дека Дермер ќе разговара со тимот на Трамп за проширувањето на „Абрахамските договори“ со приклучување на Саудиска Арабија, прекинот на огнот во Појасот Газа и за ситуацијата по 12-дневните напади врз Иран.
Се очекува во разговорите да стане разговара и за очекуваната посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на САД кон средината на јули.
Израелскиот печат тврди дека Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп постигнале договор за „прекин на огнот во Газа во рок од 2 недели, проширување на Абрахамските договори, кои имаат за цел нормализација со регионалните земји, вклучувајќи ги Сирија и Саудиска Арабија, и постигнување решение за две држави врз основа на ограничен израелски суверенитет над Западниот Брег“.
- Абрахамските договори на дневен ред во Израел
Стив Виткоф, специјалниот претставник на американскиот претседател Трамп, изјави дека во блиска иднина ќе дадат голема објава во врска со земјите кои се дел од Абрахамските договори.
Во Тел Авив, на голем електронски билборд беше проектирана визуелна снимка со фотографии од Трамп во средината, Нетанјаху и престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, од двете страни, и лидерите на регионалните земји околу нив, со зборовите „Нова шанса за нов Блиски Исток“.
Нетанјаху тврдеше дека крајот на нападите врз Иран „претставува можност за значително проширување на договорите за нормализација“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.