свет

Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа во текот на ноќта

- Според информациите добиени од болнички извори, израелските воени авиони од синоќа напаѓаат бројни цивилни населби во различни делови на Појасот Газа.

Mehmet Nuri Uçar  | 28.06.2025 - Обновена : 28.06.2025
Најмалку 16 Палестинци се убиени во израелските напади врз Газа во текот на ноќта

ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 16 Палестинци, вклучувајќи деца, се убиени, а десетици се повредени во израелските напади врз различни делови на Појасот Газа во текот на ноќта, известува Анадолу.

Според информациите добиени од болнички извори, израелските воени авиони од синоќа напаѓаат бројни цивилни населби во различни делови на Појасот Газа.

Две лица ги загубија животите, а голем број се повредени во нападот врз училиштето „Аднан ал-Алими“, кое се наоѓа во северозападниот дел на градот Газа, во кое биле засолнети раселените Палестинци.

Шест лица се убиени во нападот врз шатор каде што се засолниле раселени лица во регионот ал-Маваси, во јужниот дел на Хан Јунис. Меѓу убиените имало три браќа и сестри од исто семејство.

Во артилерискиот напад врз две куќи во градот Џабалија, убиени се две деца, а голем број Палестинци се повредени.

Две лица се убиени и во воздушен напад врз група Палестинци собрани источно од Деир ал-Балах во централниот дел на Појасот Газа.

Израелската армија започна интензивни воздушни напади и источно од бегалскиот камп Бурејџ.

Единиците на израелската армија во текот на ноќта со експлозив урнале повеќекатни станбени згради во некои области североисточно од градот Газа.

Палестинските власти објавија дека четири лица се убиени во напади врз различни делови на Појасот Газа и дека најмалку 16 лица се убиени во нападите од синоќа.

Повеќе од 189.000 Палестинци се убиени или повредени во нападите на Израел врз Појасот Газа со поддршка на САД од 7 октомври 2023 година.

Повеќето од убиените биле жени и деца, додека над 11.000 луѓе сè уште се водат за исчезнати. Покрај тоа, стотици илјади Палестинци се раселени, а голем број, особено деца, ги загубија животите од гладта ​​што ја предизвика Израел со блокадата на Појасот Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın