Zülfiya Yakup
22 Април 2016•Ажурирај: 22 Април 2016
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, го прими заменикот-премиер на Турција, Нуман Куртулмуш, кој престојува во официјална посета на Косово заедно со делегацијата од Анкара, со цел учество на одбележувањето на Денот на турската заедница во Косово, јавува Anadolu Agency (АА).
Тачи му го честита празникот на заменикот-премиерот Куртулмуш, на делегацијата и претставниците на турската заедница во Косово.
Куртулмуш наведе дека „од прогласувањето на независноста на државата Косово задоволство е да се видат нејзините постигнувања”, и ја потврди поддршката која Турција му ја пружа на Косово низ конкретни проекти, но и по пат на лобирање кај другите држави и меѓународниорганизации за признавање и примање на Косово во различни асоцијации.
Тачи нагласи дека односите помеѓу Косово и Турција се одлични и дека помеѓу овие две држави нема отворени прашања.
„Имаме одлична соработка со турската заедница во Косово", изјави претседателот Тачи, додавајќи дека Косово е држава на сите заедници кои живеат таму и дека така ќе биде и во иднина.
Косовскиот претседател претходно во текот на денот се состана и со група политички преставници и претставници на граѓанското општество од редовите на турската заедница, кои го информираа за активностите по повод одбележувањето на 23-ти април - Денот на турската заедница во Косово.
Потврдувајќи ја неговата поддршка на турската заедница во Косово, Тачи изјави дека Косово е држава на сите негови граѓани и дека тоа е вредноста и силата на Косово.