Zehra Aydın Turapoğlu
11 Јули 2023•Ажурирај: 12 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото национално собрание на Туркије, Нуман Куртулмуш, по повод 28-годишнината од геноцидот врз Бошњаците во Сребреница, рече дека целиот свет треба да вложи напори да спречи повторување на страдањата што се случија во Сребреница, пренесува Анадолу.
Куртулмуш на својот профил на социјалните мрежи изјави дека геноцидот извршен врз Бошњаците пред 28 години во Сребреница е еден од најголемите срамови во историјата на човештвото.
Тој потсети дека геноцидот во Сребреница е извршен пред очите на целиот свет.
Тој додаде дека сторителите на злосторството геноцид и оние што молчеле и ја поддржале оваа голема трагедија засекогаш ќе бидат судени во совеста на човештвото.
„Туркије ќе продолжи да биде гласот на совеста и правдата. Никогаш нема да ја заборавиме Сребреница и нема да дозволиме да биде заборавена“, додаде тој.
На гробиштата во Меморијалниот центар во Сребреница - Поточари денес се одржа погребна молитва за 30 жртви на геноцидот извршен во летото 1995 година на подрачјето на Сребреница.