Faruk Zorlu,Esra Tekin
12 Јули 2023•Ажурирај: 12 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, и американскиот претседател Џо Бајден одржаа средба на маргините на Самитот на НАТО синоќа, разговарајќи за неколку важни теми, вклучително и билатералните односи и регионалните прашања, јавува Анадолу.
„Разговаравме за нашите билатерални односи и можностите за соработка во областа на безбедноста“, објави Ердоган на Твитер, изразувајќи надеж за позитивен резултат од билатералната средба.
Дирекцијата за комуникации на Туркије на социјалната мрежа Твитер објави дека двајцата лидери „во текот на состанокот разговарале за политички, економски и трговски односи меѓу Туркије и САД и за можностите за соработка во врска со безбедносните и регионалните прашања“.
На Самитот на НАТО во Вилнус се состанаа 31 лидер на земјите членки на Алијансата, разговарајќи за војната во Украина, членството на Шведска во НАТО и преземањето чекори за јакнење на одбраната и одлучноста на сојузот.