Ekip
12 Февруари 2016•Ажурирај: 13 Февруари 2016
МИНХЕН (AA) – Министрите за надворешни работи на Соединетите Американски Држави (САД) , Русија, Турција, Саудиска Арабија, како и претставници на уште 17 земји и Обединетите нации во Минхен договорија прекинување на огнот во Сирија кое би требало да стапи во рок од седум дена, јавува Anadolu Agency (AA).
На состанокот кој го предводеа САД и Русија, синоќа е постигнат и договор за прекин на огнот и за доставата на хуманитарната помош на подрачјата кои се под опсада.
Американскиот државен секретар Џон Кери, соопшти дека на преговорите, на кои покрај САД и Русија учествуваа и Саудиска Арабија и Турција, постигнат е "договор за прекинување на судирот ширум земјата во рок од една седмица".
На преговорите на кои учествуваа министрите за надворешни работи од 17 земји, не е користен терминот "примирје" туку "прекин на судирите" .
Кери истакна дека постигнатиот договор ќе биде можен единствено со спроведување на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) за Сирија и презимање на политички чекори со цел решавање на кризата.
Тој додаде дека прекинот на судирот не се однесува на терористичката организација како ДАЕШ и дека борбата против оваа терористичка организација ќе продолжи.
Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров рече дека Русија ќе продолжи со своите операции во Сирија.
"Со овој договор нема да бидат опфатени организациите како што се ДАЕШ и Ел Нусра, кои Советот за безбедност на ОН ги признава како терористички организации. Поради тоа нашите воздушни сили ќе ги продолжат операциите против овие организации", рече Лавров.
Министерите за надворешни работи во рамките на постигнатиот договор во Минхен, соопштија дека веднаш ќе бидат преземени чекори со цел хуманитарната помош да биде доставена на подрачјата кои се под опсада.
Лавров рече дека на одредени подрачја помошта ќе биде доставена од воздух. Од дурга страна, на прашањето за иднината на сирискиот претседател Башар Ал-Асад, Кери рече дека ставовите околу тоа прашање не се променети. Кери истакна дека смета дека трајниот мир во Сирија нема да биде постигнат се додека Асад е на власт.
"Мојот став е дека се додека Асад е во таа земја и деодека е решен да биде лидер, во Сирија не може да има мир. Тоа е нашиот став, другите може да имаат друг став", додаде Кери.