Hacer Başer
21 Октомври 2017•Ажурирај: 22 Октомври 2017
ХАДРАМЕВТ (АА) - Најмалку 26 лица загинаа во судирите на јеменските безбедносни сили и членовите на шиитсото движење Хути, јавува Anadolu Agency (AA).
Меѓу загинатите се 23 членови на Хутите, двајца војници и еден член на провладините сили на народниот отпор (HDG). Конфликтот се случил откако Хутите ги нападнале позициите на владините сили во северот на Дали.
Јемен е местото на длабока политичка и безбедносна криза која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна, кога бунтовниците предводени од шиитското движење Хути и Конгресот предводен од соборениот претседател Али Абдула Салех го завзедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Претседателот Јемен Абд Рабуб Мансур Хади и неговата влада избегаа во Саудиска Арабија. Јужниот град Аден во моментов е административен центар на меѓународно призната јеменска влада. Судирите во Јемен дополнително ескалираа во март минатата година кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници почнаа да извршува воздушни напади врз позициите на бунтовниците.
Двете рунди на мировните преговори предводени од ОН не резултираа со решение за конфликтот во таа земја.